може да се гордее дека ќе ја исполнува добро.
Тој сепак не сакаше таа да се приближува до неговите нечесни работи.
Кога Дејзи седна крај своето биро во девет часот следното понеделничко
утро, таа го вклучи својот компјутер епл мак и зјапаше во празниот
сметководствен програм. Никој не дојде кај неа, никој не ѝ прати податоци и
никој не побара совет од неа. Меѓутоа, таа беше решена да ѝ даде свој
печат на работата. Знаеше дека татко ѝ некако ја мавта, но подеднакво
беше убедена дека ѝ ја кажува вистината кога призна дека дозволил
работите да излезат од контрола последните години. На овој или оној начин, таа ќе успее да ја врати контролата.
Меѓутоа, соочена со никаква опиплива работа, работниот век го започна
со поставување на параметрите на десетината програми на новиот
компјутер, а потоа отиде на ручек.
Како ти помина првиот работен ден кај татко ти? ја праша мајка ѝ.
Ги поставив сите програми и чекав некој да ми каже што да правам...или
барем да ми даде информации за бизнисите коишто треба да ги
анализирам како имиња и адреси, но никој не дојде. Така, го направив тоа
што можев и дојдов на ручек.
Така оди тоа, душо. Кога-тогаш ќе се научиш. Само полека се стигнува
до победа. Таа ја погледна мајка си, која често беше наклонета да кажува
безначајни клишеа кога не е погодно, но сега јадеше и не ја ни гледаше неа.
Потоа погледот го сврте кон татко ѝ, но и тој ја одбегнуваше.
Па, тато, кој ќе ми помогне на почеток? Беше решена да не ја остави
работата така.
Извини, пиле, ќе повториш? Бев замислен. Да не заборавам, дали
Мануел ти ги прати податоците што му реков да ти ги прати?
Не знам на кои податоци мислиш, така? Меѓутоа, бидејќи ниту тој ниту
никој друг не ми пратил ништо, ќе кажам дека не ми ги прати.
Можеби сум заборавил да му кажам. Само секунда. Тој стисна неколку
копчиња на телефонот и разговараше со некого. Не, не ги знам нејзините
нови податоци за контакт. Ќе ѝ дадам сама да ти ги каже. Ѝ го подаде
телефонот на Дејзи, велејќи, Треба да си направиш визит-карти за да знаат
другите дека постоиш и како да стапат во контакт со тебе. Ни јас не знам, а
живееме во истата куќа!
Ја сфати пораката. Независно дали другите знаеја што да прават со неа, таа беше подеднакво виновна поради тоа што не е достапна. Попладнето си
дизајнираше визит-карта со помош на печатач на интернет, со помош на
алатката Џинг го исече дизајнот и го прати во локална печатница за веднаш
да се печати. Следниот ден ќе ѝ испорачаат илјада шарени визитки.
Проблем ѝ претставуваше само полето со работната функција. Беше
решена дека не сака да ја опишуваат како книговодител, па дури ниту како
сметководител. Но, ѝ се допадна описот кој конечно го смисли: Решавач на
проблеми.
Одговараше со семејниот темперамент, според неа, а како за жена, звучеше агресивно. Особено за убава, млада, синоока, русокоса дама.
Беше совршено. Потоа ги внесе називите и подробностите за бизнисите на
татко ѝ и се запозна со нивната локација и со тоа што им беше предмет на
работа.
Таа вечер, на вечерата, на татка си му го покажа списокот со петнаесет
бизниси коишто ѝ беа доделени.
Добро, тато, почна таа, Сакам да се запознам со менаџерите на сите
овие компании и да им дадам до знаење дека ќе ги проучувам. Мислиш
дека би било подобро ти да ме прошеташ и да ме претставиш или сакаш
прво да им телефонираш и да им пратиш воведно писмо?
Од која сакаш да почнеш?
Мислам дека е подобро да почнам со двете најмали. Така ќе можам да
си ја усовршам техниката пред да дојдат на ред поголемите. Што мислиш
ти?
Ми звучи добро. Дали имаш некој редослед на списоков?
Од најголем до најмал профит. Ни тоа не го знаеше? Во втората колона
е претставен во проценти профитот од целокупниот приход.
Истиве цифри ги добивам секој квартал од Мануел, но сѐ додека се
разумни, не им посветувам големо внимание. Тоа беше вистина. Тој беше
мултимилионер, а легитимните бизниси и тоа како го покриваа начинот на
живот кој го водеше, но неговите други интереси му носеа многу, многу
повеќе.
Ќе те однесам да се запознаеш со првите неколкумина од твојот список, нема проблем, но не гарантирам дека ќе те однесам кај сите петнаесет. Како