Ѝ се скрши срцето, но само таа знаеше.
Јас само сакам да помогнам, тато. Сакам да си ја одиграм улогата во
организацијата што си ја поставил ти и којашто го плаќа нашиот начин на
живот... мојот и на мама.
Многу убаво од твоја страна, Дејзи, но не гледам како... Ќе ти кажам
што ќе направам. Дај ми неколку дена да размислам, па ќе ти најдам место
во нашиот семеен бизнис. Во ред ли е така?
Ми ветуваш?
Ти ветувам, пиле, до крајот на неделава.
Таа многу сакаше кога ќе ѝ каже пиле и го бакна во образ.
Сега оди, остави ме да размислам, рече тој.
Џон се гордееше со ќерка си и со начинот на кој таа го обожаваше како
херој, но беше загрижен дека таквото обожавање нема да издржи голем
надзор ако дозволи Дејзи да дознае премногу за деловните интереси. Затоа
тој се обиде да ја задржи во близина, давајќи ѝ работа која беше само
поврзана со правната страна на неговите финансиски зделки.
Дејзи, најдов совршена работа како за тебе, ѝ рече тој еден ден.
Твојата работна соба ќе ја претвориме во соодветна престижна
канцеларија, па ќе ги следиш финансиите. Ќе бидеш книговодител на
фирмата... или сметководител, штом целосно ќе се запознаеш со
финансиските закони на државава. Знам дека го имаш изучувано сето тоа
во врска со Обединетото Кралство, но Шпанија е нешто поинаква, така што
ќе треба сега убаво да се запознаеш со тоа. Тој се надеваше дека со тоа
што ѝ даде толкава обврска, таа нема да има време да му ги проучува
зделките.
Сакаш да бидам службеник? По сето тоа време поминато во учење
шеснаесет години ако не и повеќе да станам чирак книговодител?
Беше јасно дека ја навредил и ја разочарал, а немаше да биде лесно
ниту да ја тргне настрана како што се надеваше. Ова беше проблем којшто
тој не го имаше предвидено.
Мора да почнеш од некаде, пиле, а тоа не може да биде врвот. Секој
треба да си го заработи своето место во една организација, така што ќе
почне речиси од дното А ти нема да бидеш баш на дното. На секоја
фирма ѝ се потребни добри сметководителите. Инаку, владата и некои
вработени жив ќе ме одерат.
Твојата работа ќе биде да го запреш одливот на пари во празно во
нашата фирма. Сега веќе во од размислуваше, нешто што му одеше од
рака. Ќе треба да го анализираш секој дел од нашиот бизнис и да го
поврзеш со неговите финансиски резултати. Потоа ќе можеш да предлагаш
подобрување на нашето работење. Знаеш, јас стареам, и повеќе не можам
да го проверувам пулсот на сите наши операции како порано.
Затоа си ми потребна ти. Член од семејството на кој можам да верувам, интелигентна си и добро образована помлада личност со издржливост и
елан за соодветно завршување на работите. Никој друг не одговара на тој
опис, така?
Таа погледна во неговите очи за да процени дали ја лаже, но мораше да
се согласи дека нема никој друг кој би ја исполнувал таа функција. Знам
дека ми ласкаш, тато, но тешко ми оди расправањето со тебе, така што ќе
направам како што сакаш, но решена сум да имам вистинска работа, не
само некој апсурден изговор што си го измислил за мене. Сериозна сум
дека сакам вистински да придонесувам за нашиот бизнис. Сакам некако да
се оддолжам. Дали се разбираме?
Да, душо, но мора да го разбереш и ова: ќе биде потребно малку време
за да се подготвиш за оваа нова улога. Не е самата работа толкува нова, порано јас ги проверував сите мои бизниси во текот на денот или неделата, зависно од тоа како наложуваа околностите, но попуштив во тој поглед, така
што сакам да се надоврзам каде што сум застанал. Сепак, ова е нова улога
за тебе и ќе биде потребно време за да ја научиш.
Дали го разбираш тоа?
Да, тато, кога да почнам? Едвај чекам да работам со тебе.
И јас, душо, но ајде да ти најдеме нов компјутер само за канцелариска
работа, како и поголемо биро. Ти можеш да го средиш сето тоа, па да се
запишеш на некој курс за сметководство. Прашај го Мануел, нашиот
сметководител, кој го препорачува и купи го истиот софтвер којшто го
користи и тој. Додека Џон го кажуваше сето тоа, сфати дека топката е
повторно на негов терен оти ѝ даде на ќерка си значајна функција за која